Ете какви судови им судат на Спаска , Ризински, Каров....
http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=862&stID=9864&pR=20Гевгелискиот суд прогласен за еден од најнеажурните во земјава
Судиите се пазарат пред да ги донесат пресудите
При донесување пресуди за убиства, шверц..., некои судии се пазарат со осомничени странки или со ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија
ГЕВГЕЛИЈА - Врховниот суд на Македонија го прогласи Основниот суд во Гевгелија за еден од најнеажурните во земјава. Ваквата оцена беше очекувана.
Со тоа на извесен начин се потврдија и шпекулациите во гевгелиската јавност. Граѓаните с? погласно зборуваат за пазарењето на одделни судии со осомничени странки или, пак, со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ при донесувањето одделни пресуди за убиства, шверц или, пак, финансиски малверзации. Вработените, пак, не можат да се начудат кога веќе осудените лица ќе ги забележат во судиската канцеларија и тоа пред објавувањето на пресудата! Не се непознати и директните интервенции на одделни судии во Апелациониот суд во Скопје и тоа за конкретни предмети.
Причините за ваквиот хаос во судската зграда, но и зголемениот број незавршени предмети многумина ја бараат во извршената кадровска смена по изборот на Драги Дилберов за претседател на Гевгелискиот суд. Вистинско изненадување предизвика прешалтувањето на судиите - кривичари во прекршочна постапка, наспроти ставот на Врховниот суд при новиот годишен распоред да се води сметка за специјалноста на судиите. Така судијата - кривичар Иван Стаменов во изминативе месеци ги работи прекршочните предмети, а досегашната истражна судијка Билјана Ангелова истражните предмети ги дели со новоизбраната судијка Марица Аврамчева, а работи и во прекршочна постапка. Истовремено, пак, досегашниот судија за прекршоци Благица Миладинова-Цонева е преквалификувана во кривичар.
Покрај ова, с? уште се свежи неколкуте афери со исчезнувањето на 16 пакувања со хероин од судската каса или, пак, исчезнатите мобилни телефони запленети од шверцерска зделка, по чие обелоденување е направен записник за уништување на исчезнатата дрога. Вообичаена практика, велат во судот, Комисијата за продажба на запленетите стоки да работи во попладневните и вечерните часови, а понудите за продажба, без претходен тендер или одлука за непосреден договор, да се испраќаат по факс! По зачестените исчезнувања на запленетите стоки од судската каса, претседателот Дилберов забранил при нивната продажба понудите да се испраќаат по факс. (Р.П.)